Само три дена е претседател на Бразил, а веќе ја заплашил цела планета: Болсонаро најавува автопат преку Амазон! Не ни е потребна толкава заштитена природа

863

Новиот бразилски претседател Жаир Болсонаро најавил изградба на автопат преку Амазон, најголемата светска прашума позната и како белите дробови на планетата, бидејќи смета дека на земјата не и се потребни толкави заштитени природни зони.

Болсонаро го смета Амазон за економски баласт. Тој порачал дека “премногу заштитени природни подрачја му штетат на економскиот развој”.

Затоа Болсонаро размислува за изградба на авто-пат преку Амазон и забрана за влез во земјата на меѓународни зелени здруженија како “Greenpeace”, па и укинување на бразилското Министерство за екологија.

Политичките аналитичари проценуваат дека Бразилците се исцрпени од корупцијата, растот на насилството и лошата економија, а Болсонаро ги придобил кога ветил дека ќе ги реши токму тие проблеми. Тој ветил дека ќе го задржи Бразил во Парискиот договор за климата, но најавата за изградба на автопатот низ Амазон не звучи добро, проценуваат организациите кои се занимаваат со заштита на природата.

Плановите на новоизбраниот претседател за индустријализација на Амазон се во корелација со бразилските и меѓународните земјоделски и рударски бизниси и ќе предизвика уништување на најголемата прашума на планетата, а со самото тоа и катастрофа за глобалната клима, тврдат еколозите.

“Мислам дека одиме кон многу мрачен период во историјата на Бразил”, смета климатскиот истражувач на Универзитетот во Сао Паоло, Пауло Артаксо, и истакнува дека изборот на Болсонаро за претседател е најлошото нешто што можело да се случи кога станува збор за заштита на животната средина.