После само два дена од објавувањето на видеото за темата „Ковид и се*с“ на Сања Цинцева – Барбика коментарите на социјалните мрежи не стивнуваат. Стиховите „ не игнорирај ме, дезинфицирај ме, мери ми топлина кога ме облива, дегустирај полека, немој на екс…може да е опасно ковид и секс!“ на големо се коментираат, а Сања вели дека токму тоа и била и првичната цел и намера кога почнала да ја работи песнава.
„Наменски избрав да пеам за ваква тема, знаев дека ќе има коментари и тоа ми беше и целта. Бројот на прегледи расте вртоглаво од ден во ден, тоа значи дека сме погодиле директно во центар и сме завршиле добра работа, и јас, и мојот тим“, откри убавата струмичка барбика која отсекогаш знаела како да ја заинтигрира јавноста.
„Ковид и секс“ ја потпишуваат Дејан Момировски и Борче Нечовски, за спотот беше задолжен Дарио Јанковиќ, а докторот во кадрите од видеото кој за дезинфицира Сања е манекенот Димче Димчевски.
„Видеото е шарено, динамично, кореспондира со стиховите кои ги пеам. Песната е летна, певлива, влегува во уво на прво слушање“, додаде Сања која веќе има целосна закажана агенда на настапи за ова лето.
„Полека се се’ враќа во нормала, јас запеав за ковид и „магично“ почна да го снемува“, се пошегува атрактивната пејачка.
Видеото за „Ковид и секс“ можете да го погледнете во продолжение: