Сања Цинцева без влакна на јазикот „удри“ по хејтерите: „Пак сум прва и донесов нов тренд, а вие само коментирајте!“

664

Пејачката Сања Цинцева – Барбика која неодамна го објави видеото за песната „Ковид и секс“ кое за само два дена собра над 100.000 прегледи на Јутјуб реши преку социјалните мрежи да им се обрати на сите хејтери кои ја „плукаат“ нејзината песна и им порача доколку не им се допаѓа она што таа го работи, да не ја гледаат и слушаат.

„Почитувани хејтери! Долго размислував , па на крајот одлучив да одделам малку време и за вас.
Свесна бев дека не знаете да ја препознаете храброста да се донесат новите трендови кај нас, но ете и овој пат решив да бидам во првите и покрај тоа што знаев на какви коментари ќе наидам.
Ама ако, не Ви замерувам, толку Ви е капацитетот да процените и да вреднувате, само не ми е јасно како ги поддржувате естрадните уметници од регионот со овој жарн на музика, а нас домашните не плукате, навредуавте и понижувате? Од мене простено Ви е.
На крајот од денот ако не Ви се допаѓа не слушајте и не гледајте, сите ние имаме различни вкусови, а во тоа сум сигурна бидејќи покрај многуте хејтерски коментари, добив дупло повеќе поддржувачки и охрабрувачки коментари. Да бидам искрена Ви благодарам и на едните и на другите.
Имало и коментари од типот дека сум ги исмејувала жртвите од Ковид, НЕ НЕ НЕ, како би ги исмејувала кога и јас лично го прележав вирусот, темата на песната е таква се со цел малку позитива да дадеме на се околу Ковид вирусот, да ја тргнеме барем на неколку минути негативната енергија! Ве сака Сања Барби, наскоро се гледаме и дружиме на најдобрите забави!
П. С. Сигурна сум дека на истите често ќе ја барате да ја пеам „Ковид и секс“, напиша Сања на социјалните мрежи.
Под постот се редеа поддржувачки коментари, а фановите и порачаа не не се оптоварува со коментарите на злите јазици притоа барајќи датуми за нејзини настапи.

 

Сања им откри дека наскоро истите ќе бидат објавени, а дали секој нејзин настап ќе почне и заврши токму со „Ковид и секс„, останува да почекаме и да видиме…

До тогаш, да ја чуеме уште еднаш темата за која се крена голема прашина и дефинитивно е најкоментираната за 2021 година!