Како што пренесуваат руските медиуми, од зградата на Универзитетот во Санкт Петербург биле евакуирани над 60 луѓе.
За среќа, во рушењето на зградата при факултетот за Информатички технологии при Универзитетот во Санкт Петербург, нема загинати, иако под рушевините останале заробени 20-тина студенти и професори, пренесуваат руските медиуми.
Новинската агенција „ТАСС“ пренесува дека покривот и неколку катови од зградата на Универзитетот се срушиле за време на градежните работи околу обновата на зградата. Прелиминарната истрага открива дека рушењето е резултат на непрописни делувања на инжинерите задолжени за реконструкцијата на зградата.
Руските итни служби веднаш евакуирале 60-тина лица и ги спасиле заробените, а според последните информации, само една професорка поминала со потешки повреди.