Сара Мејс и Димитар Атанасовски деновиве прославија годишнина од бракот, а по тој повод пејачката на водителот му посвети емотивен статус на Фејсбук преку кој му порача дека го сака најмногу на цел свет.
“Една година од најубавиот ден и журка во мојот живот и една година среќен брак на младите. Не е само годинава, уште од времето на “Танц со ѕвездите” се смеам како зелена цело време со тебе, леткам како заљубена тинејџерка, освојувам планини со тебе, искачувам врвови, ме инспирираш да пишувам музики, те тепам на табла и не се лутиш, а ти ме научи. Многу излив на емоции, ама стварно кај те најдов алал да ми е… Те сакам дечко!”, стои во постот на Сара која наскоро треба и да се породи.
Инаку, парот пред да се венча беа неколку години во врска, а на почетокот својата романса ја криеја од јавноста. Сара и Диме ќе станат родители кон крајот на месецот.