Од 37-те новозаболени од Ковид-19 регистрирани во изминатото денонокие, 12 се во Скопје и тоа пет во општината Гази Баба, по два во Бутел и Чаир, и по еден во Сарај, Карпош 1 и Аеродром.
Оваа информација ја дале за МИА од Министерството за здравство.
Од вкупниот број 199 активни случаи во Скопје, како што посочуваат од Министерството, дистрибуцијата по општини е следна: Сарај – 41, Гази Баба – 39, Чаир – 38, Аеродром – 25, Бутел – 13, Ѓорче Петров – 9, Центар – 9, Карпош – 7, Илинден – 7, Шуто Оризари – 6, Кисела Вода – 3, Студеничани – 1, Петровец – 1.
Инаку, според вчерашните информации, биле регистрирани и 11 оздравени од Ковид-19.
Покрај скопските 12 нови случаи, регистрирани се и осум во Куманово, седум во Тетово, четири случаи во Струга и по два случаи во Штип, Прилеп и Охрид.
„Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.978, бројката на оздравени пациенти е 1.422, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 443“, се наведува во соопштението на МЗ.
Во изминатото деноноќие направени се 508 теста. Од вкупниот број тестирања 188 теста се во рамките на скринингот, а од нив, потврден е еден позитивн случај кај вработен во геронтолошка установа во Скопје.
„Досега со скринингот направени се 2.248 тестирања на Ковид-19, а регистрирани се три позитивни случаи на Ковид-19“, информираат од МЗ.