Актуелниот италијански шампион Јувентус со доста мака успеа да слави во дуелот против Милан со резултат од 1-0 со што се искачи повторно на челното место на табелата.
Синоќешниот дуел го одбележа потегот во второто полувреме кога тренерот на „старата дама“ од игра повторно ја извади првата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо.
Маурицо Сари очекувано по мечот мораше да одговара на новинарски прашања поврзани со овој момент. од мечот.
“Не е проблем Роналдо, прред да кажам нешто друго, прво би му се заблагодарил поради тоа што веќе еден месец игра со болки во коленото. Денес го заменив откако видов дека не е најкомотен на теренот. Тоа што се налути кога го заменив е нормално. Ќе бев загрижен ако беше спротивно и ако беше рамнодушен“, истакна Сари.