Сателитски снимки од Европа ја откриваат единствената добра работа која се случи во последниов месец

749

Од воведувањето на ограничувањата на движење поради коронавирусот, во урбаните подрачја ширум Европа е намалена загаденоста на воздухот, откриваат најновите сателитски снимки.

Снимките од сателитот “Sentinel-5” откриваат дека во периодот од 5-ти до 25-ти март во поголемите европски градови како Париз, Милано, Франкфурт, Мадрид и Брисел е забележано намалување на загаденоста на воздухот во споредба со истиот период минатата година.

Тоа се поклопува со воведувањето на мерките на ограничување на сообраќајот и намалување на производството во болниците кои испуштаат штетни гасови. Новите снимки кои ги објави Европската вселенска агенција, а ги анализираше Европскиот сојуз за јавно здравство, покажуваат намалена густина на штетните гасови кои можат да предизвикаат респираторни проблеми.

Во Мадрид, просечното ниво на јаглеород диоксид во воздухот опаднало за 56% откако шпанската влада на 14-ти март ги забрани сите патувања, освен за оние кои имаат потреба од тоа.

Од Европскиот сојуз за јавно здравство велат дека на луѓето кои живеат во градовите со загаден воздух им се заканува поголема опасност да се заразат со Ковид-19, затоа што лошиот квалитет на воздухот може да го ослабне имунолошкиот систем.

Кина во февруари кога исто така воведе строги мерки на ограничување на движењето поради сузбивање на епидемијата на коронавирусот, исто така забележа пад на нивото на загадувањето на воздухот во градовите.