Македонската ракометна репрезентација вечерва од 19 часот ќе го одигра петтиот подготвителен натпревар пред континенталниот шампион кој стартува идната недела.
По дуелите со Кувајт, Алжир и Романија, нашата најдобра селекција ја очекува можеби најтешката пресметка во овие подготовки бидејќи противник ќе ни биде Словенија во Словењ Градец. Првпат откако селекторот Данило Брестовац го собра националниот тим, на располагање ќе ги има сите ракометари бидејќи во меѓувреме се вклучија и носителите на играта, односно првите ѕвезди на репрезентацијата.
По дуелот со Словенија, Македонија ќе се сретне и со Црна Гора пред првиот меч од Европското првенство, на 10 јануари против Украина во Виена.