Се чини дека се е готово, Герет Бејл се враќа онаму каде што беше најдобар, но во трампа за еден фудбалер

611

Сагата околу Велшанецот Герет Бејл и Реал Мадрид се чини дека завршува. Голем број на медиуми пренесоа дека е во преговори со Тотенхем, а тоа го потврди и неговиот агент Џонатан Барнет, кој рече дека Бејл се уште го сака Тотенхем и дека сака да се врати таму. Токму во овој тим фудбалерот „експлодираше“, по што Реал плати богатство за него.

Во првата сезона Бејл ќе игра како позајмен, но за таа цел во спротивна насока треба да замине Деле Али, еден од клучните фудбалери на Тотенхем, исто така на позајмица. Светските медиуми пишуваат дека ова сценарио ќе се исполни и наскоро ќе стигне потврда.