Во Сплит денеска запловила луксузна јахта која што го привлекла вниманието и погледите на љубопитните граѓани.
55 метри долгата јахта со име „Severin’s“ e достапна од 2020 година, а страницата „Yacht Charter Fleet“ пренесува дека неделното изнајмување на истата чини околу 295.000 евра.
На јахтата може да се сместат до 12 гости во 6 достапни соби. Собите вклучуваат главен апартман, 2 ВИП кабини, 2 двокреветни кабини и 1 конвертабилна кабина.
Исто така може да се сместат и 13 членови од посадата.
На јахтата има надворешен бар, џакузи, спа, опрема за теретана…
Луксузниот ентериер го дизајнирал студиото „Francesco Paszkowski Design“.
Погледнете го видеото: