Веста за смртта на актерката и поранешна градоначалничка на Кисела Вода, Билјана Беличанец Алексиќ ја потресе македонската, но и балканската јавност.
Познатите личности се простуваат од актерката, а пораки испратија голем број на актери, режисери, професори, музичари и политичари.
“Билјана Беличанец. Ретка билка со раскошен талент за цветање. Можеше да даде уште многу цутови. И сакаше. А не напушти на најтрагичниот од сите можни начини. Како вистинска античка хероина. Вечна пролет за неа и за нејзиниот редок и убав цвет”, напиша актерот Васил Зафирчев на својот Фејсбук профил.
“Што е тагата без договор на суштествувањето, без одговор на сочувствувањето, без ехо на внатрешниот глас? Збогум актерке со раскошен талент”, напиша Калиопи.
Од Беличанец се прости и нејзината колешка, актерката Весна Петрушевска:
Како и Јелена Јованова:
Писателот Венко Андоновски ѝ напиша песна:

Помеѓу познатите личности кои изразија сочувство се и Игор Џамбазов, Сашо Тасевски, Гордана Силјановска Давкова, Христијан Мицкоски и многу други.