Се најавува поевтинување на зелениот картон

1498

Ќе воведеме европски стандарди во осигурувањето од автомобилска одговорност преку намалување на цената на чинење на зелениот картон, како производ на либерализирањето на цената на автоодговорност и решaвање на проблемот со неосигурени возила. Ова стои во најновата програма на Владата која денеска беше пратена во Собранието.

Сепак нема детали за колку и кога ќе биде оваа мерка. Има и други најави поврзани со автомобилите.

„Ќе продолжиме да го унапредуваме системот за поддршка на еколошки возила (со фокус на електрични и хидроген возила) и за возилата со пониска до средна вредност преку укинување или намалување на даночните и неданочните давачки (како данок за возила, ДДВ, царина, трошоци за регистрација, патарини итн…). Силно ќе се посветиме на регулирање на пазарот на половни возила и заштита на потрошувачите преку систем за проверка на квалитетот и декларираните параметри на возилото, како и воведување казнена одредба поврзана со измами на поминатиот број километри на возилото, пишува во програмата.