Се најде мајстор и за короната: Ниту еден пациент кој го примил тој лек не умрел од вирусот!

1053

Ефективноста на рускиот препарат за третман на корона вирусот Арепливир (Фавипиравир) е скоро сто процентна изјави претседателот на бордот на директори на фармацевтската компанија Промомед, Петар Бели.

Тоа е лек со директно антивирусно дејство со скоро апсолутна ефикасност. Дури и луѓето кои се во сериозна состојба, веднаш по земањето на лекот, се враќаат во живот, истакна Бели во интервју за телевизискиот канал Русија 1.

Тој додаде дека за време на клиничките испитувања на лекот, немало ниту еден случај на пациент да му се влоши состојбата.

Покрај тоа, тој рече дека Арепливир е ефикасен во случаи кога пациентот е на интензивна нега и дека 80 проценти од состојбата на пациентот се подобрува во текот на првите денови.

Во јули, Министерството за здравство одобри уште еден руски лек против коронавирус заснован на фавипиравир, под трговското име арепливир. Првиот авифавир беше одобрен кон крајот на мај, а клиничките испитувања започнаа само во април