Се одмотува клопчето на крвопролевањето на Крим: Убиени 20 ученици! Бомби немало, Владислав влетал во зградата и решетал деца

1012

Бројот на жртви во вчерашниот напад на колеџот во Керч на Крим пораснал на 20, соопштила министерката за здравство на Русија, Вероника Скворцова.

“Загинале 20 лица, меѓу кои 15 студенти и 5 вработени на факултетот. Од 15 настрадани студенти, 11 биле малолетни”, рекла Скворцова.

Министерката навела дека биле хоспитализирани 44 лица и дека се здобиле со “различен степен на повреди”.

Локалниот службеник Дилјавер Мелгазијев за “TAS S” изјавил дека сите жртви биле идентификувани.

Како извршител на нападот бил идентификуван студентот Владислав Рослјаков.

18-годишниот Владислав минал низ зградата на колеџот пукајќи на студенти пред да се самоубие, пренесува “Reuters”.

Властите соопштиле дека случајот го водат како масовно убиство, а не тероризам, на првобитно се сомневало.

Рускиот истражен комитет наведува дека сите убиени во нападот страдале од прострелни рани, иако претходно имало информации дека се случила експлозија на бомба со рачно производство.