Денес топ тема во Шпанија, но и ширум Европа е акцијата која беше спроведена за сузбивање на криминалот во фудбалот.
За местење натпревари беа приведени неколку фудбалери од првата и втората лига како и претседателот на Уеска, Агустин Ласаоса и првиот човек на лекарскиот тим во клубот, Хуан Карлос Галиндо.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, на чело на организацијата бил поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Раул Браво. Зад решетки завршиле и Борха Фернандез од Ваљадолид, поранешниот играч Карлос Аранда, Ињиго Лопез кој во моментов игра за Депортиво.
Истрагата за местени натпревари била отворена поради сомнителни облози на мечот помеѓу Хуеска и Настик во 41. коло од минатата сезона во Секунда.
Алармите биле вклучени кога на неколку часа пред почетокот на мечот почнале да се уплаќаат големи облози за реми без погодоци на полувреме и победа на гостите на крајот.
По првото полувреме на овој меч резултатот беше 0-0 а на крајот Настик победи со 0-1, бодови кои му беа многу важни во битката за опстанок а за Уеска овој меч немаше никакво резултатска значење со оглед на тоа дека едно коло претходно го имаше заверено пласманот во Примера. На овој меч настапи и нашиот Столе Димитриевски, кој стоеше помеѓу стивите на Настик.