Се огласи мајката на напаѓачот кој ликвидираше 19 деца: „Мојот син не беше насилна личност.“

510

Мајката на Салвадор Рамос (18) којшто уби 19 деца и двајца наставници во училиште во Тексас, тврди дека тој „не бил насилна личност“.

Адријан Рејес изјавила дека била „изненадена“ што нејзиниот син вчера пукал во основното училиште Роб во Увалде.

Таа признала дека нејзиниот син бил самотник кој се „држел до себе и немал многу пријатели“, но ги отфрлила тврдењата дека имала токсичен однос со него.

„Мојот син не беше насилна личност. Изненадена сум со тоа што го направи. Се молам за семејствата. Се молам за сите тие невини деца. Тие немаа никаков удел во ова што се случи“, изјавила таа за „Daily Mail“.

„Имав добар однос со него. Се држеше до себе, немаше многу пријатели“, додала таа.

Мајката на Салвадор изјавила дека последен пат со својот син разговарала минатиот понеделник на неговиот роденден и додала дека „имала честитка и кадифено Снупи да му даде како подарок“.

Во интервјуто за британскиот таблоид таа не ги споменала шпекулациите дека е зависник од дрога и дека синот ја напуштил за да живее со неговата баба која ја убил пред да тргне во крвавиот поход во основното училиште.