Фудбалската репрезентација на Македонија без својот прв напаѓач, Илија Несторовски, ќе настапи на историското Европско првенство, кое секој фан со нетрпение го очекува.
Несторовски денеска беше опериран по повредата на коленото со која се здоби за време на тренингот во петокот.
Голгетерот на Удинезе ги повреди предните вкрстени лигаменти, а потоа се огласи на социјалните мрежи и се заблагодари за поддршката што ја доби од своите репрезентативни и клупски колеги, но и од навивачите.
„Жал ми е, но сум подготвен да станам и да се борам. За жал, оваа повреда нема да ми дозволи да играм на Европското првенство со Македонија, на што бев многу желен. Но, ќе дадам сè од себе и ќе го победам овој предизвик да се вратам посилен од порано. Сакам да им се заблагодарам на моето фантастично семејство, на соиграчите, пријателите и навивачите кои ми напишаа и ме натераа да се чувствувам сакан повеќе од кога било во ова тешко време. Благодарност и до професорот Маријани и неговиот тим. Патот е тежок, но јас сум подготвен“, напиша Несторовски.