Се огласи поранешната девојка на Роналдо: “Подготвена сум да сведочам на суд”

1001

Во светската јавност веќе неколку недели се шират гласини за случајот Кетрин Мајорга, жената која тврди дека Кристијано Роналдо ја силувал во 2009 година во хотелската соба во Лас Вегас.

Фудбалерот тврди дека станува збор за лажни обвиненија, а сега се огласи и неговата поранешна девојка Нереида Гаљардо. Роналдо со сексапилната Нереида се забавуваше во 2008 година, а прекинале неколку месеци после наводното силување.

Таа одлучила јавно да проговори за оваа тема и вели дека верува дека Роналдо не би силувал некоја девојка.

View this post on Instagram

Si llego a más de 200 me gustas subiré más fotos!!.

A post shared by Nereida Gallardo (@nereidagallardo) on

“Кон мене никогаш не беше агресивен. Ниту малку. Тој не е тип кој некој би присилил на секс, многу е нежен во кревет”, тврди Нереида.

“Сè уште никој не ме контактирал од обвинителството, но доколку се случи тоа јас би сведочела на суд”, додава Нереида.

Роналдо и Нереида ги полнеа страниците на светските таблоиди во летото 2008 година со провокативни фотографии на кои често таа била топлес. Фудбалерот последните неколку недели се соочува со најголемиот скандал во неговата кариера, но длабоко верува дека судот ќе ги отфрли обвиненијата на жената која тврди дека ја силувал.

View this post on Instagram

Momentos ❤️

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

View this post on Instagram

Mis amores ❤️❤️❤️❤️

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on