Сопругот на пејачката Анета Мицевска, Џими Мицевски денес се огласи на својот Фејсбук профил каде напиша статус во кој тврди дека е невин и дека затворската казна која што му е изречена е неправедна.
Јас, Мицевски Џими ова што сега го правам -пишувам го правам за честа и угледот прво на моите деца, а потоа на мојата фамилија, на мојот славеј Анета Мицевска и групата Молика.. Можеби сите сте информирани дека вчера во основниот суд во Скопје се судеше Битола поточно во мега познатиот случај Транспортер. Осудени сме сите обвинети, а сите угледни и чесни граѓани на Битола кои предходно немале ниту една дамка во своето работење. Јас сум осуден на 2 години и 6 месеци затворска казна за моето најчесно најдомаќинско работење. Јас Мицевски Џими најодговорно тврдам дека со мојата фирма „Џими Турс“ немам наплатено ниту еден скршен денар од тоа што беше пропишано со одлука на совет на општина Битола, а тоа го има со ДОКАЗ во вештачењето од Бирото за судски вештачења. Секако дека овде ова нема да застанам со ов,а ќе одам и до последниот суд овде во Македонија да си ја докажам мојата невиност, а до колку увидам како и што гледам дека сме жртви (колатерална штета) на две спротиставени страни правдата ќе ја барам и во Стразбург во Франција во меѓународниот суд за човекови права…. Само еден единствен денар ако се утврди со ФАКТИ И ДОКАЗИ дека јас сум зел повеќе пари за извршената услуга јас сум спремен да одговарам во секое време…
Ова што се случува се вика играње со човечки судбини и ништо друго.. Меѓутоа немојте да мислите дека ке ме скршите, битката продолжува. Немојте да се чудите зошто ништо не оди овде и зошто ни бегаат младите…, стои во постот на музичарот кој апелира медиумите да пишуваат проверени текстови, а не од ракав истресени информации.
Каква завршница ќе има оваа драма која што во моментов ја преживува семејството Мицевски останува да видиме.