Претседателот на Русија, Владимир Путин, во телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел изразил надеж дека Германија ќе влијае на Украина во врска со ситуацијата во Керчкиот мореуз за да ја одврати од “понатамошни непромислени чекори”, соопштила прес службата на Кремљ.
Рускиот лидер исто така во текот на разговорот ги нагласил “провокативните акции” на Украина и кршењето на меѓународните правни норми од страна на нејзините воени бродови.
Разговорот во кој рускиот претседател изразил загриженост поради одлуката на украинската страна да прогласи воена состојба и да ги крена вооружените сили на највисока борбена готовност, го иницирала германската страна.

“Нагласено е дека украинското раководство снесува полна одговорност за создавање на уште една конфликтна ситуација и ризиците врзани за неа. Сето ова очигледно е преземено поради изборната кампања во Украина”, изјавил Путин, пренесува прес-службата на Кремљ.
Путин исто така нагласил дека руските граничари ќе бидат подготвени за дополни објаснувања за развојот на настаните во Керчкиот мореуз, пренесува “Kurir.rs”.
