Рускиот претседател Владимир Путин реагирал откако во склоп на аферата “Пандорини документи” повторно бил доведен во врска со наводната поранешна љубовница, Светлана Кровоноги, која, како што е наведено, преку оф-шор компанија купила пентхаус од 4,1 милиони долари во Монако.
Рускиот претседател Владимир Путин се огласил по повод најновиот скандал во кој бил вовлечен откако биле обелоденети документи во рамките на аферата “Пандорини документи”, а во кои, меѓу другото, е откриено дека Светлана Кривоноги, неговата наводна љубовница, преку оф-шор компанија на свое име купила пентхаус од 4,1 милиони евра во Монако.
Тоа, како што се тврди, е само дел од богатството на таа поранешна чистачка, која, како што тврди британски “Guardian”, во 2003-та година ја родила ќерката Лоиза.
Целосно очекувано, шефот на Кремљ ги отфрлил овие наводи како неосновани.
“Нема скриено богатство во тесниот круг на претседателот Путин”, порачал неговиот портпарол Дмитриј Песков.
Тој потоа укажал на тоа дека Пандорините документи ги разоткриле САД како најголема даночна оаза на светот, што шефот на САД, Џо Бајден треба да го објасни.
“Тоа што привлекува внимание е тоа која држава е најголема даночна оаза на светот. Секако, станува збор за САД”, порачал Песков.
Путин, кого Западот го обвинува дека во тајност обезбедил огромно богатство, не се појавува во Пандорините документи со име и презиме. Меѓутоа, етикетирани се некои од неговите најблиски луѓе, како покојниот Петр Колбин. Многумина Колбин го нарекуваат “паричникот на Путин”.
Слична реакција на овие документи имала и Турција, каде повеќето медиуми не објавиле ништо во врска со овој случај. Меѓутоа, некои независни медиуми утрово пишуваат дека во документите се појавуваат 220 турски имиња.
Потсетуваме, аферата Пандорини документи ја разоткрил Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари.