Џенова му откина бод на фаворизираниот Наполи и сега на Јувентус му недостасува само едно реми во последните седум кола за да ја освои осмата титула по ред во Серија А.
Разликата меѓу актуелниот шампион и актуелниот вицешампион изнесува 20 бода на 7 натпревари пред крајот на сезоната. Битката може да биде решена веќе претстојното коло кога Јуве гостува на СПАЛ, но дури и да не се случи тоа, никој не верува во сензација.
Ако успее идната недела, торинскиот клуб ќе стане прв од голеата петка кој ја освоил титулата оваа сезона.