Се подготвувале за работа на авто-пат, па откриле чудо: Еве што пронашле во град стар 5.000 години

705

Израелските археолози објавиле дека откриле голем, 5.000 години стар град, на северот на Израел.

Древниот град бил откриен за време на подготовките за работа на авто-патот во близина на Хариш, град на 50 километри северно од Тел Авив.

Станува збор за “космополитски и испланиран град”, кој датира од бронзеното доба.

Градот се простирал на 65 хектари и имал околу 6.000 жители.

Откриен е и необичен обреден храм, како и запалени коски од животни, што е знак дека се изведувале ритуали со принесување на жртви.