Се појави билборд во Скопје, за албански премиер на Македонија (ФОТО)

816

Демократската унија за интеграција започна да закупува билборди на кои ја промовира кампањата за „прв Албанец премиер на Македонија“ за предвремените парламентарни избори.

Бујар Османи, вицепремиерот за евроинтеграции, објави фотографија од такво рекламно пано во центарот на Скопје.

На истото во позадина се претседателите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ – Зоран Заев и Христијан Мицкоски, а во средината е прашањето „Зошто не трета опција?“.

Засега Интегративците не споменуваат име како можен таков кандидат, а синоќа Заев во емисијата „Клик Плус“ рече дека оваа партија нема ни да излезе со конрекетн предлог до крајот на изборите.