Се појави фотографија на која британскиот принц позира со малолетничка: Ова дефинитивно не му оди во прилог…

699

Деновиве се појави првата фотографија на која британскиот принц Ендру позира со малолетната Вирџинија Робертс, држејќи ја за половината.

Како што тврди Вирџинија Робертс, милијардерот-педофил Џефри Епстајн ја подвел да има сексуални односи со неговиот близок пријател, британскиот принц Ендру.

Иако принцот Ендру очајнички се обидува да докаже дека фотографијата е лажна, деновиве се појави целосниот оригинал на која се гледа неговата рака на половината на тогаш 17-годишната Вирџинија Робертс.

Инаку, Вирџинија Робертс живеела „тивок живот“ со своето семејство во Австралија, се додека пред неколку години, новинарката Шерон Чурчер која ја следела ФБИ истрагата за сексуалното искористување на тинејџерки од страна на Епстајн, не ја посетила и успеала да ја убеди да ја сподели својата приказна со светот. Епстајн пред тоа призна дека подвел девојчиња и на 14-годишна возраст.

На почетокот Вирџинија Робертс не сакала да зборува затоа што се плашела дека Ептајн кој ја „регрутира“ на 15 годишна возраст, би можел да ја убие. Тој започнал да ја „позајмува“ на неговите богати и моќни пријатели.

Но, откако се охрабри да проговори, таа на новинарите им покажа фотографии од периодот кога како тинејџерка патувала со Епстајн насекаде низ светот, од Ново Мексико до Париз. Меѓу фотографиите била и таа на која позира со принцот Ендру. Откри дека фотографијата била направена во куќата на госпоѓата Максцел, откако го посетиле ноќниот клуб на Трамп. Тоа секако го негира принцот Ендру.

„Сите се качивме на катот и го замолив Џефри да ме слика со принцот. Сакав да ѝ го покажам тоа на мојата мајка“, раскажува Вирџинија Робертс.

Таа на новинарката ѝ открила дека имала секс со принцот три пати додека била тинејџерка.

Кралицата го казни синот: Принцот Ендру останува без 300 илјади евра годишна плата, но ќе може да живее во дворецот…

Принцот Ендру веќе со месеци е под сериозен притисок на британската јавност поради неговото пријателство со контроверзниот милијардер-педофил Џефри Епстајн кој неодамна се самоуби во неговата затворска ќелија во Њујорк.

Поради тоа, Ендру отстапи од кралските должности, а британските медиуми тврдат дека принцот бил натеран на тоа од неговата мајка, кралицата Елизабета Втора која исто така ги укинала и неговите кралски примања од 300 илјади евра на годишно ниво.