Се појави и видео од стравичниот пожар по експлозијата на бензинската пумпа во БИХ, во местото Зворник во близина со граничниот премин „Шекап“ со Србија.
Во експлозијата засега загина едно лице, а неколкумина се повредени. На лице место се гледаат слики кои изгледаат како на филмски сцени: автомобили целосно изгорени, чад и оган, рушевини на сите страни, оштетени возила.
Погледнете го видеото кое се појави во јавноста веднаш по настанувањето на експлозијата, која била предизвикана наводно откако возило со голема брзина влетало во пумпата.