Дури и доколку не сте ја гледале “Stranger Things“ веројатно сте свесни дека серијата на “Netflix“ е една од најпопуларните на пазарот.
“Parrot Analytics“, компанијата која ја следи побарувачката на гледачите за одредени содржини, на врвот на листата ја имаше серијата “Stranger Things“ која го држела рекордот од 21-неделна побарувачка.
Накратко, PA следи колку луѓе бараат одредена серија, колку полемики покренува серијата и колку гледачите се вклучени во полемиките за содржината, односно на крајот колку таа серија е гледана.

“The Mandalorian“ ја престигна “Stranger Things“ и притоа освоила голем број гледачи кои токму поради оваа серија одлучиле да се претплатат на “ Disney+“.
Инаку, новиот сервис за кратко време станал исклучително популарен со 3.2 милиони претплатници во првиот ден, а во наредните 24 часа привлекол 10 милиони нови гледачи ширум светот.
Сето тоа било како резултат на гледаноста на новата серија од универзумот “Star Wars“, а социјалните мрежи “експлодирале“ со објави поврзани со бебето Јода кое во серијата предизвикало многу големо внимание.

“The Mandalorian“ веднаш станала една од најтиражните серии, а ги “купила“ гледачите уште со својата прва епизода.
50-годишното бебе Јода е првото суштество од видот на Јода, освен оригиналниот Јода кој починал во “Враќањето на Једи“ во старост од околу 900 години.

Малечкото зелено суштество ги соединило фановите од трилогијата “Војна на ѕвездите“, а со оглед на тоа што “Disney“ не ја споменувале најавената серија, кој знае какви изненадувања носи истата.