Хилари Даф на Инстаграм објави видео од своето породување во када.
Се работи за раѓање на нејзиното второ дете, девојчето Банкс Виолет Блаир, кое на свет ја донесе кон крајот на октомври, 2018-та година.
Американската пејачка и актерка кратко после раѓањето на девојчето открила дека го родила во сопствениот дом, поточно во када со топла вода, што не е невообичаено во светот на славните.
Малата Банкс слави пет месеци од животот, па Хилари по тој повод на својот Инстаграм профил објави снимка од породувањето.
„Долго размислував за тоа дали некогаш ќе го објавам ова видео, бидејќи е многу лично. Беше апсолутно прекрасен и шокантен фактот дека откако ја родив својата девојка се прегрнавме, за првпат. Во својата глава си помислив дека можеби сака да ми каже дека завршив добра работа. Го направивме тоа. Заедно. Мат беше толку мирен и ми беше силна поддршка, а мајка ми и сестра ми навиваа за мене и ми пружаа поддршка. Не можам да верувам дека поминаа пет месеци“, напишала под видеото.
Додала и дека нејзиниот син Лука, кој го добила во 2012-та година во првиот брак, за време на пораѓањето си играл со Лего коцки.