Се породила на дрво: Бегала со синот (2) од поплавите кога почнале породилните болки! Се држеле за гранките два дена, додека водата не се повлекла!

720

Жена се породила на дрво од манго, бегајќи од поплавите во Мозамбик, кој беше погоден од циклонот Идај.

Амелиа донела на свет девојче, Сара, додека заедно со 2-годишниот син цврсто се држела за гранките. Семејството после два дена поминати на дрво, било спасено од соседите.

„Немав друг избор освен со синот да се качам на дрво, кога водата почна да надоаѓа во куќата. Тогаш почнаа и породилните болки и немав никој кој би ми помогнал. После неколку часа ја родив Сара, на врвот на манго дрво. Бев потполно сама со Сара и со синот.“

Малото семејство останало на дрво, држејќи се за гранките повеќе од два дена, додека водата не почнала да се повлекува, па соседите можеле да дојдат до нив.

Тие бидејќи останале без дом, сместени се во импровизирано прифатилиште во Домбе.

Во катастрофата, животот го загубиле 700 луѓе. Слично нешто се случило пред 20 години, кога бебе дошло на свет на дрво, во јужниот дел од земјата.