Од класичниот чискејк се разликува по тоа што нема подлога и поради тоа што се пече на висока температура со која што се постигнува наизглед изгорената кора.
Баскијскиот чискејк во 1990 година го смислил готвачот Сантјаго Ривер.
Изворниот рецепт содржи само пет состојки: крем-сирење, слатка павлака, шеќер, јајца и брашно.
Рецептот кој што ќе ви го претставиме во продолжение не се разликува многу од оригиналниот, додадена е само арома од ванила, но тоа може да се изостави.
Состојки:
– 300 грама крем-сирење;
– 120 грама шеќер;
– 2 јајца;
– 20 грама меко брашно;
– 3 грама ванила;
– 2 грама сол.
Подготовка:
Рерната загрејте ја на 200 степени Целзиусови. Калап со кружна форма за печење обложете го со хартија за печење, па намачкајте го со путер.
Во сад со миксер измешајте ги крем-сирењето и шеќерот додека не добиете кремаста текстура.
Додавајте по едно јајце, матете со миксерот. Потоа додадете го брашното, прстофат сол и ванила. Додадете ја слатката павлака.
Сите состојки измешајте ги со миксерот.
Смесата ставете ја во калапот и печете 55-60 минути, односно додека површината на чискејкот не добие златна боја. Површината треба да биде темна, а внатрешноста мека како пудинг.
Чискејкот оставете го да се излади на собна температура.
Пријатно јадење!