Се распадна популарниот македонски бенд “Дупер”, Авалон продукција им го раскина договорот

795

Бендот “Дупер” молскавично се проби на македонската сцена со песната “Не сум твој тип”, а потоа продолжија да изненадуваат со хитовите “Тело за на ТВ” и “Ние сме 2”. За кратко време, “Авалон продукција” застана зад нив и им понуди договор за соработка.

Но, сè што е убаво трае кратко – пред неполн час, на официјалната Фејсбук страница на “Авалон продукција” се појави статус во кој тие изјавуваат дека ја прекинале соработката со “Дупер”, откако од непознати причини членовите на групата ѝ дале отказ на тапанарката Мартина.

“Почитувани, поради тоа што едниот од машките членови на групата Дупер ѝ даде отказ на Мартина, со поддршка на другиот машки член, од според мене најпатетична можна причина, Авалон Продукција го раскина договорот со младите момци“, пишува во објавата на Авалон, напишана од страна на Бобан Милошески, сопственик на “Авалон”.