Не дочекаа Србите многу за да го прокоментираат гостувањето на Грција на Косово, па запрашаа зошто гостувале во Приштина, ако не ја признаваат независноста на српската покраина?
Грција е една од петте земји од Европа која го нема признаено Косово како независна држава, ама тоа формално признавање не е проблем за добра економска соработка, посебно во изминатиов период откако го разлабавија строгиот визен режим и сега ги пуштаат Косовците во својата земја, а претходно тоа не го дозволуваа…
Српски „Мондо“ потенцира дека Украина, која е исто така земја што не ја признава независноста на Косово, одбила да гостува во Приштина, па тој меч со оваа селекција го играла во Албанија. Македонија идниот месец ќе го дочека Косово во историскиот полуфинален меч за пласман на Евро 2020.