Инфлуенсерот Ларц од Калифорнија, познат по своите секојдневни видеа кои што ги објавува на својот Инстаграм профил, моментално е во лоша здравствена состојба.
Овојпат тој одлучил да се придружи на “коронавирус предизвикот“ во кој морал да ја лиже ВЦ школката. Целиот предизвик го снимил и го споделил на социјалните мрежи.
Овој предивик се прошири по социјалните мрежи, а особено на апликацијата Тик Ток.
WTF!! Really!! Licking toilets now!! pic.twitter.com/C2iaRHxHHa
— Gabe Slaybaugh (@GabrielSlaybau1) March 23, 2020
Иако многумина се згрозени и не можат да веруваат дека некој го прави токму тоа, некои како што е на пример Ларц уживаат во тоа и собираат лајкови на социјалните мрежи.
Неколку дена по настанатото видео со ВЦ школката, Ларц објавил видео во кое што се наоѓа во болнички кревет и во кое што зборува дека е позитивен на коронавирусот, пренесуваат од „New York Post“.