Туристката од САД, Брук Виндзор, успеала да ги пронајде таткото и ќерката кои ги фотографирала пред Нотр Дам, само еден час пред да избие пожарот.
Таа ги фотографирала двајцата пред славната катедрала, а потоа ги замолила сите на социјалните мрежи да и помогнат да ги најде таткото и ќерката, бидејќи сакала фотографијата да им ја даде како спомен.
Како што пренесува “BBC”, Брук успеала да ги пронајде, а со тоа се пофалила и на Твитер.
I took this photo as we were leaving #NotreDame about an hour before it caught on fire. I almost went up to the dad and asked if he wanted it. Now I wish I had. Twitter if you have any magic, help him find this ?? pic.twitter.com/pEu33ubqCK
— Brooke Windsor (@brookeawindsor) April 16, 2019
“Потрагата е завршена, фотографијата дојде до нив”, навела таа.
Семејството не сакало нивниот идентитет да биде објавен, но и се заблагодариле на фотографката за убавиот гест.
Latest News: Notre-Dame: Family in viral photo found after search
Brooke Windsor, who took the widely shared photo, says the father wishes to remain anonymous.https://t.co/qrtmFd7z5K
2019-04-18 13:38:19Z— oyetoro stephven (@stephen_oyetoro) April 18, 2019
“Ви благодарам за таа прекрасна фотографија, ќе пронајдеме посебно место за неа”, напишале во пораката.
Како што сметаат многумина, фотографијата на Брук Виндзор веројатно би можела да биде историска бидејќи е направена во посебен момент. На тоа сведочи и фактот дека на социјалните мрежи собрала речиси половина милион лајкови, и дека е споделена 240.000 пати.