Се случи и тоа: Бензема е подобар од Роналдо!

808

Долго оспоруваниот Карим Бензема на 31 година дочека да биде подобар од петкратниот освојувач на Златната топка и уште низа други признанија.

Во досегашниот дел од сезоната Французинот постигна 26 гола во сите натпреварувања, а Роналдо има 24. Точно е дека Бензема одигра 12 натпревари повеќе, но и кога играа заедно во Реал, под водство на Зидан, Роналдо често паузираше за да биде подготвен за Лигата на шампионите, па сега Португалецот беше далеку поефикасен.

Мал е бројот на фудбалери од лигите на големата петка кои оваа сезона имаат повеќе голови од Бензема кој стигна до бројката 26. Пред него се само Меси, Левандовски, Мбапе, Агуеро, Пјонтек и Бен Једер.