Се судријa две возила кај Канал 5, трето возило го прегазило полицаецот кој го обезбедувал местото

871

Две возила се судриле синоќа на улицата „Скупи“ во близина на „Канал 5′ телевизија, а веднаш потоа друго возило удрило во полицаец кој ја обезбедувал сообраќајката. Според првичните информации на „Курир“, полицискиот службеник се здобил со полесни повреди.

За останатите лица кои учествувале во сообраќајката се уште нема информации дали се повредени.

При обезбедување на сообраќајна незгода меѓу две возила, во близина на „Канал 5“ телевизија, друг возач со возило удрил во полициски службеник што обезбедувал на лице место и истиот се здобил со повреди, информира за „Курир“ портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Повеќе детали се очекуваат утрово.