Колку силен беше земјотресот кој утринава ја потресе Албанија покажуваат снимките кои се објавуваат на социјалните мрежи.
На една снимка направена со безбедносна камера, може да се види како еден човек спие додека околу него наеднаш започнува сè да се тресе.
Малтерот од плафонот започна да паѓа од силината на земјотресот кој нешто пред 4 часот наутро ја погоди Албанија, но овој човек очигледно не може така лесно да се разбуди.