Рускиот борбен авион „су-25“ се урна во регионот на Белгород по завршување на борбена мисија, соопшти руското Министерство за одбрана.
Како што се наведува, авионот паднал во ненаселена област и не е причинета штета.
„Според прелиминарните податоци, причина за катастрофата е технички дефект“, соопшти Министерството.
A Russian Su-25 has crashed, this morning, in the Belgorod region (beside Ukraine). The pilot ejected, but later died from his injuries.
A technical malfunction is being blamed. The Su-25 was designed by the Soviets, in the 1970s. pic.twitter.com/CXIL0Pb3qP
— Russia Unplugged (@UnpluggedRus) February 23, 2023
Гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, изјавил дека авионот се урнал во градскиот округ Валујск.
Според него, на самото место работат увидна екипа и службеници од Министерството за вонредни состојби.
Не е познато што се случило со пилотите.