Се урна воен авион Ф-16 во Калифорнија, повеќемина повредени

885

Воен авион Ф-16 синоќа се урна во магацин во Калифорнија, а повеќе луѓе завршија во болницата, бидејќи беа погодени од делови на леталото.



Пилотот скокнал навреме и се спуштил со падобран
 и тој е пренесен во болница, јавуваат американски медиуми.

Се испитува причината за падот на воениот авион. На магацинот остана огромна дупка. Сведоците изјавија дека слушнале силна експлозија.