Се урнал хеликоптер на мировните сили – седуммина загинати

832

Најмалку седум лице настрадале кога хеликоптер кој припаѓа на меѓународните мировни сили се урнал на Синајскиот полуостров во Египет.

Тоа го соопштиле израелски и египетски службеници.

Меѓу загинатите има петмина Американци, рекол неименуван израелски службеник.

Египетскиот службеник, кој исто така побарал да остане анонимен, навел дека изгледа дека причина за несреќата е технички дефект.

Станува збор за хеликоптер кој припаѓа на Мултинационалните сили и набљудувачи (MFO), кои го надгледуваат мировниот договор меѓу Израел и Египет, пренесува “AP”.

Канцеларијата на “MFO” во Израел потврдила дека дошло до несреќа, која вклучува хеликоптер, но се воздржала од понатамошни коментари, додава “Reuters”.