Кога луѓето ќе помислат дека кариерата на Кијану Ривс не може да биде поуспешна од тоа што е сега, тој одново и одново не уверува дека сепак може…
Тоа што уште се знае е дека Лена Вачовски, оригиналниот сценарист на Матрикс, ќе го пишува сценариото и ќе го режира филмот, додека на продукцијата и дистрибуцијата на филмот ќе работат Варнер Брос и Вилиџ Роудшоу.
Од Ворнер Брос велат дека “сите се многу возбудени што се враќаат во светот на Матрикс” и дека одвај чекаат да зачекорат во ново поглавје на овој универзум. Според најавите, продукцијата на филмот ќе почне некаде на почетокот на 2020-та година.
Сосема неочекувани, но истовремено одлични вести, така што одвај чекаме да видиме што ќе ни донесе новото поглавје на оваа приказна и на кој начин ќе се објасни тоа што се случувало во последниот дел.