„Се заколнав дека ќе ја одмаздам мајка ми“: Вил Смит во документарецот открива дека сакал да го у*ие својот татко

764

Вил Смит направил документарец „Best Shape of My Life“, во кој открил страшни детали од својот живот.

Смит овој проект го започнал со идеја да ги документира сите напори во слабеењето, но целата приказна се претворила во многу ‘подлабоко’ патување и преиспитување на мислите и чувствата на популарниот актер.

Тој во својата исповед открил и дека размислувал за тоа да го у*ие својот татко.

„Татко ми беше насилник, но исто така доаѓаше на секоја моја претстава, натпревар, приредба. Беше алкохоличар, кој на секоја моја премиера беше трезен. Кога имав девет години, видов како татко ми ја удри мајка ми со тупаница во глава, толку силно што се сруши. Плукаше крв. Тој момент во таа соба, веројатно најмногу од сите други моменти – ме дефинираше како личност. Тогаш се заколнав дека ќе ја одмаздам мајка ми. И децении подоцна, дојде моментот кога сакав да го направам тоа“, напишал Вил Смит во својот документарец.

Во годините кои следеле, таткото на Вил Смит боледувал од рак, бил исклучително слаб и морал да се движи со помош на количка.

„Една ноќ, додека внимателно го туркав во количката од спалната соба до купатило, се пробуди ‘тоа’ во мене. Застанав на врвот на скалите. Лесно можев да го турнам и уште полесно да се извлечам. Децениската болка и гнев избувнаа, но потоа се повлекоа. Продолжив да го туркам до купатилото“, напишал тој и го шокирал светот.

Смит претходно искрено зборувал и за своето ментално здравје и признал дека сакал да си го одземе животот, но не открил во кој период се случило тоа.

Откако Вил постариот починал во 2016-та година, Смит размислувал за нивниот турбулентен однос и за тоа што научил од постапките на неговиот татко.

„Не постои нешто што можете да го добиете од материјалниот свет што ќе создаде внатрешен мир или исполнетост. На крајот, нема да е важно колку луѓето ве сакале – ќе добиете само „насмевка“ врз основа на тоа колку сте ги сакале“.