Седум години затвор за поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, обвинета за злоупотреба на службената положба во судскиот предмет Рекет. Бојан Јовановски доби казна затвор вкупно 9 години, за кривично дело незаконско примање награда пет години, и уште 5 за перење пари, но ќе му биде пресметано и времето од една година поминато во притвор.
Катица Јанева и Бојан Јовановски се виновни во судскиот предмет Рекет, беше кажано во судското образложение. Јанева ја олеснила постапката и мерката притор за бизнсименот Орце Камчев во предметот Империја. Зоран Милевски – Кичевец ги договарал средбите, а Боки 13 влијаел врз Јанева, сето ова го сториле за еденипол милиони евра.
На објавата на пресудата за случајот „Рекет“ денеска во големата сала на Врховниот суд во Скопје присуствува само првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, додека второобвинетата Катица Јанева не дојде во судот поради здравствени причини,.
Во судница е присутна сопругата на Јордан Камчев, еден од сведоците во предметот, Ана Камчева. Брачниот пар Камчеви сведочеа како оштетени во случајот.