Седум лица во Индонезија се удавија поради селфи на брод

527

Седум лица од Индонезија се удавија кога преоптоварен брод се превртел на езеро на островот Јава, бидејќи 20 туристи преминале на едната страна од бродот за да направат групна фотографија.

Началникот на полицијата во Јава, Ахмад Лутфи изјави дека бродот бил пренатрупан кога се превртел.

Според Лутфи, со бродот управувал тринаесетгодишник.

Полицијата соопшти дека 11 лица биле спасени, а две лица се водат како исчезнати.

Несреќи со брод се чести во Индонезија, главно поради слабите регулативи.