Седум оскари за филмот „Опенхајмер“ во режија на Кристофер Нолан

368

Филмот во режија на Кристофер Нолан на синоќешната свеченост на американската Академија за филмски уметности и науки, „собра“ дури седум оскари.

Приказната за креаторот на атомската бомба, според љубителите на филмот, веќе подолго време е фаворит и доминацијата на доделувањето на Оскарите не е за изненадување.

Килијан Марфи кој ја освои наградата за најдобра улога, не го криеше задоволството од овој успех.

-Снимавме филм за човекот кој ја создаде атомската бомба, и во добро и во лошо. Сите живееме во светот на Опенхајмер, па би сакал да им го посветам ова на сите миротворци насекаде

Покрај награда за главна улоца, „Бедни суштества“ доби оскар и за најдобра споредна машка улога, монтажа, кинематографија, фотографија и најдобра авторска музика.

Филмот „Бедни суштества“ пак освои четири статуетки, а оскарот за главна женска улога отиде кај Ема Стоун.

-Не се работи за мене, туку се работи за целиот тим кој се собра за да направи нешто што ќе го достигне својот врв. Тоа е најдоброто нешто во правењето на филмовите.

Роберт Дауни Помладиот и Двејн Рендолф добија оскари за најдобра споредна машка и женска улога, а оскар за краток анимиран филм го доби „Војната не е завршена“ на Шон Ленон.

„Момчето и чапјата“ доби оскар за долгометражен анимиран филм, а „Зона на интерес“ на Џонатан Глејзер доби оскар за најдобар меѓународен филм. Филмот „Дваесет дена во Мариопол“ беше награден за најдобар документарец.