Сега е повеќе од јасно, имаме фаворит за „Златната топка“, ќе може ли некој да го запре?

937

Четворица првопласирани од минатите сезони се надвор од конкуренција, кој уште останува во трката?

Изгледа дека нема да има дилеми кога станува збор за „Златната топка“.

Имено, Лео Меси практично веќе ја освои титулата во Шпанија, водечки е стрелец во лигата со 33 гола, и во Лигата на шампионите има 10.

На лето е Копа Америка, нема други натпреварувања, Барса остана во трка за „триплетата“, трета за Меси во кариерата. Кој може да му биде ривал за „Златната топка“?

Евентуално Салах, ако Ливерпул дојде до титулата во ЛШ, што се однесува до Сити, Де Брујне долго време беше повреден, само Агуеро доаѓа во предвид, можеби и Стерлинг, но бројките на Меси се подобри.

Интересно, Модриќ, Мбапе, Кристијано Роналдо и Гризман немаат никакви шанси, а токму тие четворица минатата година беа на првите четири места.

Евентуално, во случај Бразил да триумфира на домашен терен на Копа Америка, па со титулите на Ливерпул, Боби Фирмино да излета во прв план, но тоа е тешко, исто како и Кутињо бидејќи нема многу значајна улога во Барселона.

Нејмар го пропушти вториот дел од сезоната, потребно е навистина да направи нешто специјално на Копа Америка, а Лигата на шампионите сепак ќе се вреднува повеќе.

Повеќе од јасно е дека Меси е на патот кон шестата „Златна топка“ со што повторно би имал повеќе од Роналдо.