СЕИЗМОЛОЗИТЕ ГО ЗАПАЛИЛЕ АЛАРМОТ ВО ХРВАТСКА! Се подготвува катастрофа – Ќе биде 30 пати посилен од оној во март!

738

Во Загреб сношти и утрово забележани се послаби земјотреси а многу жители на градот се во страв од нови потреси.

Разорен земјотрес кој во март направи голема материјална штета со што го промени живото на жителите на Загрб, Томислав Фикет од Хрватската сеизмолошка служба за РТЛ рекол дека релаксација на тлото и малите потреси можат да продолжат.

Тој предупредил дека постои можност Загреб да го погоди посилен земјотрес од оној во март и како што објаснил, “колку и да биле последиците драстични, тоа за жал не е максималната енергија која загрепското подрачје може да ја очекува за да може да се ослободи“

“За подрачјето на Загреб тоа е од 6,3 до 6,5 по Рихтер. Тоа е триесет пати посилен од потресот на 22 март. За подрачјето на Дубровник е околу седум степени“, рекол Фикет.

Проблем за Хрватска е сеизмолошката мрежа која има 17 постојани мерни станици, додека Италија илјада, а Словенија 50 такви станици.

“Едноставно се работи за то дека сме држава која има неблагодарен облик и за да може поквалитетно да се покрие територоријата, потребна ни е погуста мрежа на мерни станици, за кои немаме сретства“, нагласил Фикет и додал дека таквата густа мрежа може да реши два проблема.

“Автоматска локација која  ќе многу поквалитетна и дежурна служба на цивилна заштита ќе добијат точна информација за моментот и местото на настанатиот потрес. А вториот момент да се собираат поголем број на податоци на слаби потреси, со што можеме да дознаеме повеќе за сеизмологијата на Хрватска и да донесеме квалитетни заклучоци“, истакнал Фикет.