Сека Алексиќ ги покажа бујните облини во црвено бикини

735

Сека Алексиќ уште еднаш ги покажа облините во црвено бикини.

Последните неколку месеци пејачката најмногу ги поминува во својот дом, а во нејзиниот двор има базен, па летните денови ги поминува покрај него во друштво  на сопругот и синовите.

Овој пат, пејачката позираше во едноделен црвен костим за капење и предизвика лавина од коментари на сметка на нејзиниот изглед.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ

Следбениците и порачаа дека изгледа провокативно, а еден коментар привлече посебно внимание.

„Признај дека го вовлече стомакот, да те утешам“, напиша пријателка на Сека, а пејачката и одговори во свој стил: „Секако“.