Интересно беше на дуелот од албанското првенство меѓу Партизани и Тирана, во фокусот на вниманието се најде сексипилната спортска новинарска Геа Браха.
Таа известуваше со камерман крај самата аут-линија, кога еден од навивачите се приближи до оградата, клекна на колено и… ја побара за жена. Останатиот дел од трибината ја довикуваше Геа, која сепак не се сврте, не давајќи одговор на понудата за брак.
Подоцна, таа самата го објави видеото на својот инстаграм профил, со порака: Добив понуда за венчавка на стадион, но бев на работа.